Украинскиот премиер Алексеј Гончарук соопшти дека, доколку се реализира владината програма, Украина по пет години ќе ги исполни критериумите за членство во Европската унија, пренесоа руските медиуми.
„Владината програма предвидува амбициозна цел- по пет години Украина да одговари на критериумите за членство во ЕУ”, напиша премиерот на социјалната мрежа Телеграм.
Според него, тоа е важно за синхронизиње на политиките со државите-членки на ЕУ, посебно во рамките на Европскиот Зелен договор.
„Амбициозната цел на ЕУ е Европа да биде првиот континент чија економија не ја уништува природата. Украина е подготвена да стане неразделен дел од тој успех”, забележа премиерот Гончарук.