Лидерот на српското Движење Двери, Бошко Обрадовиќ смета дека претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ „режираат” инциденти во Црна Гора за да го свртат вниманието на јавноста и да го скршат отпорот на народот и на Српската православна црква против законот за вероисповест.
Обрадовиќ оцени дека Вучиќ стравува дека „случувањето народ” од Црна Гора може да се пренесе и во Србија, кога луѓето овде ќе сфатат дека Ѓукановиќ и Вучиќ цело време работат заедно и оти „Мило за сите свои политички активности има поддршка од претседателот на Србија”.