– Владата во рамки на денешната петта седница ја усвои информацијата и ја одобри тендерската документација за првата фаза од постапка за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.
Во врска со оваа постапка за дистрибутивниот систем за гас, како што се истакнува, Владата го прифати текстот на Договорот меѓу Министерството за економија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за обезбедување консултантски услуги во врска со Договорот за концесија за дистрибуција на природен гас и го овласти министерот за економија, Крешник Бектеши да го потпише договорот со ЕБОР.