– Шпански Ваљадолид привлече тројца нови играчи за само неколку часа, од кои едниот е доста познат – Хатем бен Арфа. 32-годишниот играч е без тим од кога се раздели со Рен во текот на летото. Тој е познат како голем талент, но и човек со насилен темперамент. Неговиот договор е до крајот на сезоната.
Тој има 15 натпревари за репрезентацијата на Франција и вкупно 73 погодоци на 388 натпревари за Лион, Марсеј, Њукасл, Хал, Ница, ПСЖ и Рен. Официјално беше претставен денес и веќе го направи првиот тренинг.
Покрај Бен Арфа, тимот на Феноменот Роналдо дополнително се засили и со Лукас Фрејташ од Фламенго и Секу Хасама од Алмерија, кој веднаш беше отстапен на Фуенлабрада.
Ваљадолид е на 16-то место во Ла Лига со 22 бода, на само 5 над зоната за испаѓање, па затоа итно беа потребни засилувања. Тимот нема победа во шампионатот на 9 последователни натпревари, постигнувајќи само 3 гола.