Новиот мировен план на САД за Блискиот Исток, наречен „договор на векот”, може да биде реализиран доколку се земе предвид и позицијата на Палестинците, изјави советникот на претседателот Трамп, Џаред Кушнер, за телевизијата Си-Ен-Ен.
-Условите не се конечни. Тоа е почетен предлог. Доколку Палестинците сакаат да поднесат измени, да изменат некои формулации, да одржат преговори за други прашања, тогаш е можен еластичен пристап, изјави Кушнер.
Тој додаде дека сите детали можат да бидат изработени во рамките на два или три месеца.
-Под итно ќе го почнеме овој процес, рече Кушнер. „Доколку Палестинците сакаат да учествувааат, ние тоа ќе го поздравиме”, додаде тој.