Милан го совлада Торино со 4:2 по продолженија во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Италија. Росонерите, предводени од тренерот Стефано Пиоли, ги добија последни пет меча, вклучувајќи три во Серија А. Милан ги победи Каљари (2:0) и Бреша (1:0) на гостински терен и Удинезе (3:2), СПАЛ (3:0) и Торино (4:2) на домашен терен.
Последна ваква серија на миланскиот клуб беше во февруари 2018 година. Тогаш беа совладани СПАЛ, Лудогорец два пати, Сампдорија и Рома.
Во италијанското првенство Милан по 21 коло е на осмото место со 31 бод.