Големото градско дерби во кошаркарската НБА-лига на Лос Анџелес меѓу Лејкерс и Клиперс, во „Стејплс Центар“ не се одигра. Наместо натпреаврот беше организирано сеќавање за трагично загинатиот Коби Брајант. Еден од гостите во емисијата на „ТНТ“ беше и Шекил О‘Нил, заедно со Чарлс Баркли и Рик Фокс.
-Бев во подрумот и вежбав со синот Шакир и со внукот Колумбус. Во еден момент се појави и вториот внук и ми го покажа мобилниот на кој стоеше веста за смртта на Коби. Му реков да го тргне тоа од мене, мислев дека е лажна вест. Живееме во свет каде речиси се е фотошоп и лага, но, за жал не беше така. Потоа почнаа да ми се јавуваат на телефон и сфатив дека тоа е болната вистина, изјави О‘Нил.