Ристовски: Фудбалот не обедини, Македонија може да стигне и до СП

Капитенот на македонската фудбалска репрезнтацијата Стефан Ристовски по враќањето во загреб каде настапува за повеќекратниот хрватски првак Динамо е интересен за тамошните медиуми бидеќи „црвено-жолтите“ за првпат изборија настап во баражот за пласман на СП-2022 кое ќе се одржи во Катар. Македонија како вторпласирана во мундијалската квалифиакциска група Ј, веднаш зад четирикратниот светски првак Германија на кого му го нанесе единствениот пораз во овој циклус и тоа во Дуизбург (1:2) има историска шанса да биде во друштво на 32 најдобри селекции во светото наредната година. Но, тој сон да стане реалност македонските репрезентативци треба да направат уште два големи чекори.

-Се уште сум во кома! Македонија претходно никогаш не била во ситуација да се бори за настап на завршници од европски и светски првенства. Обично настапите во квалифиакциските  групи ги завршувавме со 6-7 бодови и главно до четвртото место. Во последно време работите се променија. Имаме профил на играчи кои сакаат да напредуваат, кои сакаат да прават големи работи. Успеавме да се пласираме на Европското првенство, а еве не сега се бориме и за пласман на Светското првенство. Многу сум среќен поради тоа. Иамем квалитет и сите сме заслужни за овој успех, зошто да не ситигнеме и до завршницата од СП, вели Ристовски и додава дека посебно е задоволен и среќен што народот во Македонија се обединува околу фудбалот.

-Сигурно знаете каква е ситуацијата кај нас. Политиката не уби*а. Народот констатно се дели. Во вакви лоши времиња единствено спортот соединува, посебно фудбалот. Затоа толку се радувам, барем ние сме тука да го развеселиме македонскиот народ. Мислам дека не е претерано ако се каже дека нашата репрезентација го соедини македонскиот народ.

Треба да знаете
Последни објави