Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер (38 г.) денеска не се појави на тренингот, во пресрет на полуфиналниот меч од првиот сезонски гренд-слем турнир Австарлија опен во Мелбурн. Големиот тениски дуел во полуфиналето меѓу Федерер и Србинот Новак Ѓоковиќ кој ќе биде 50. јубилеен во меѓусебните пресметки е закажан за утре (9.30 ч.). Овој натпревар е доведен во прашање поради неизвесноста дали Федерер е повреден.
Искусниот 38-годишен Федерер во четвртфиналето против Американецот Денис Сандгрен играше три сета повреден и бараше медицинска помош во текот на дуелот кој го доби на крајот среќно по голем пресврт во пет сета, откако спаси седум меч топки.
-Незнам дали е повреда, болка или некој друг проблем. Морам да знам што е во прашање. Сега е присутен адреналин во моето тело. Утре е нов ден ќе видиме што се случува со моето тело, рече Федерер по мечот, а денеска не се појави на тренингот.