Huawei влезе во топ 10 највредни брендови според Brand Finance

Brand Finance, водечка компанија за оценување на брендови во Велика Британија и стратешка консултантска фирма, за првпат го именува Huawei како еден од првите 10 најскапи брендови во светот. Во неодамна објавениот извештај Brand Finance Global 500 2020, Huawei е трета кинеска компанија на списокот, со вкупна вредност од 65,084 милијарди американски долари, што претставува раст од 4,5 проценти во однос на претходната година.

“Јасно е дека следната голема можност за телекомуникациската индустрија – 5G мрежата, предизвикува жестока конкуренција, со тоа што Huawei се шири на пазарите кои вообичаено се покриени од западните провајдери. И покрај предизвиканите контроверзии, Кинескиот гигант прави јасен чекор напред, и со вредност на брендот од 65,1 милијарда американски долари, сега за првпат се вброи меѓу 10те највредни брендови во светот,“ пишува Brand Finance во извештајот.

САД учествуваат со 205 компании или со 45,4 проценти од првите 500 со што претставуваат најзастапена економија со вкупна вредност на брендот од 320,4 милијарди американски долари. Следна е Кина со 70 компании, што претставува 18,9 проценти, и вкупна вредност на бренд од 133,4 милијарди американски долари.

Технолошкиот сектор продолжува да привлекува најголемо внимание како највреден сектор. Од 500 највредни брендови, 46 или 14% потекнуваат од технолошкиот сектор. Заедно, тие имаат вкупна вредност на бренд од 986,5 милијарди американски долари. Huawei е единствениот кинески технолошки бренд меѓу првите 10 највредни брендови.

Растот на вредноста на брендот на Huawei може да се припише на неговата посветеност кон иновации, односно постојано подобрување на конкурентноста на производот и искуството на потрошувачите.

Во 2019 година, Huawei предвиде дека ќе испорача 240 милиони паметни телефони и ќе ја задржи својата позиција како втор најголем светски производител на паметни телефони. Компанијата испорача повеќе од 44 милиони од своите HUAWEI Mate и P серии, забележувајќи 50% зголемување од година во година. До декември 2019 година, 5G паметните телефони на Huawei забележаа 6,9 милиони пратки.

Минатата година, Huawei исто така постигна раст во новата гама на производи од различни категории и тоа таблети, персонални компјутери, додатоци и IoT уреди во екосистемот на HiLink.

Гледајќи кон иднината, Huawei останува посветен на стратегијата за имплементација на целосни сценарија во своите уреди. Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group, рече: „Стратегијата за имплементација на целосни сценарија ќе остане главен фокус на Huawei во наредните пет до 10 години. Ние сме стабилни во нашата посветеност на создавање интегриран екосистем, во кој таблетите, персоналните компјутери, VR уредите, додатоците, паметните дисплеи, паметните звучници, автомобилите и IoT уредите се поврзани со паметните телефони за да испорачаат навистина непречено искуство на корисниците.“

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави