Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) објави дека непостоењето на црна кутија во хеликоптерот во кој беа кошаркарот Коби Брајант и осум други може да ја попречи истрагата.
Истражителите на НТСБ соопштија дека хеликоптерот, кој се урна во еден рид и се распадна во парчиња, не располагал ниту со систем на предупредување за избегнување земја, што агенцијата веќе долго време предлага да биде стандард, пренесува „Вашингтон пост“.
Џенифер Хоманди, која ја предводи истрагата, рече дека на истрагата многу би ѝ помогнало ако хеликоптерот имал црна кутија.