Мас: Велика Британија ќе мора да прави компрoмиси

Велика Британија ќе мора да направи компромис за некои важни работи како што се правата на потрошувачите и заштитата на животната средина, доколку сака да го задржи целосниот пристап до единствениот пазар на ЕУ, изјави денеска шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

„До крајот на годината мораме да бидеме на чисто кога станува збор за формата на нашите односи. Сите сакаме нултни тарифи и нултни трговски бариери, но, тоа, исто така, значи и нулта дампинг и нулта нелојална конкуренција. Без сличните стандарди за заштита на нашите работници, потрошувачи и животната средина не може да се дојде до целосен пристап до најголемиот единствен пазар на светот”, напиша Мас во авторскиот текст за германскиот весник „Цајт”, пренесуваат британските медиуми.

Според него, Велика Британија и ЕУ затоа ќе мораат да водат преговори за своите идни економски односи по Брегзит „на начин што нема да и штети на Европската унија”.

Тој додаде дека за прашањето на безбедноста и одбраната Велика Британија и ЕУ ќе мора развијат нови форми на соработка, како создавање Европски совет за безбедност, што ќе ги координира заедничките позиции  за стратешките прашања и побрзо ќе одговара на меѓународните кризи.

Тој кажа и дека вратата на Европската унија ќе остане отворена за Велика Британија доколку некогаш одлучи да се врати во неа.

Треба да знаете
Последни објави