Се испостави дека херојот кој го спасил бебето за време на масовното пукање во Волмарт, Тексас, всушност бил бездомник кој, откако го спасил животот на бебето, се вратил во трговскиот центар за да помогне во згрижувањето на повредените.
Снимките од надзорната камера покажуваат дека во напад минатиот август во кој загинаа 22 лица, Лазаро Понсе го зел новороденчето и го донел на безбедно.
Полицијата ги замоли граѓаните да помогнат во идентификувањето на непознатиот човек, за кој рече дека неговиот чин на спасување е херојски. Пет месеци подоцна, Понсе се јавил и полицијата утврдила дека човекот навистина бил на снимката, пренесува „Скај њуз“.
„Не само што го зеде детето кое можеше да се задуши меѓу мртвите тела, тој, исто така, истрча надвор и го предаде новороденчето на персоналот за итни случаи“, рече наредникот Енрике Карило.
„После тоа, тој се врати во продавницата и со количка отиде во одделот за пешкири, ги обиколуваше повредените и им помагаше“, додаде тој.