(Видео) Полуголaта Кинси Волански му оддаде почит на Коби Брајант

Кинси Волански стана славна откако го прекина натпреварот во Лигата на шампионите трчајќи речиси гола на теренот, а сега направи слична работа. Овој пат, тоа го стори за да му оддаде почит на Коби Брајант.

Познатата 23-годишна Русинка избра скијачка патека за да го покаже голото тело и секако пораката во рацете на која пишуваше „РИП Коби“.

Кинси Волански се појави на патеката непосредно пред крајот на трката на Италијанецот Алекс Винацеро, кој подоцна на социјалната мрежа објави интересна фотографија и опис во кој се пошегува дека има нова девојка.

https://youtu.be/DbKtLNdsFy4

Во тој момент Винацеро славеше прво место во слалом, а потоа сфати дека прва всушност поминала атрактивната Кинси Волански, која го нарушила системот за мерење време.

Скијачот по сè изгледа брзо се помирил дека е шести на крајот на првенството во Шладминг, пронаоѓајќи утеха во тоа што веројатно ја има најдобрата фотографија од крајот на ски-спустот.

Иако ова им беше интересно на многумина, Кинси Волански повторно беше предмет на осуда и критика.

Треба да знаете
Последни објави