Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со Милан до 2023 година

Напаѓачот на италијанскиот фудбалски калчолигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со клубот за уште една година. Актуелниот договор на Ибрахимовиќ истекува на крајот од оваа сезона. Според „Football Italia” новиот договор ќе важи до јуни 2023 година.

Се дознава дека пред да започне преговори со шведскиот напаѓач, Милан планира да потпише нови договори со Тео Ернандез, Рафаел Леао и Исмаел Бенасер.

По 12 кола во Серија А, Милан е на делба на лидерската позиција со Наполи со по 32 освоени бода.

Треба да знаете
Последни објави