Легендарниот поранешен кошаркар од НБА-лиагата Коби Брајант, кој го загуби животото во хеликоптерска несреќа во неделата заедно со уште осум други сопатници меѓу кои беше и неговата 13-годишна ќерка Џина Марија, е главна тема во светот. Има луѓе кои во несреќата се обидуваат да станат популарни и да заработат.
Така еден корисник на социјалните мрежи, со името Силенто објави тешки обвинувања и тврдења дека Коби не починал во хеликоптерска несреќа туку тој бил ликвидиран !?
Ваквиот твит беше критикуван од страна на многу корисници, кои го обвинија Силенто дека се обидува да ја искористи несреќата за своја популарност, по што тој реши да го избрише твитот.
-Коби Брајант беше планирано у*иен. Исто како што пробаа да ми направат на мене. Јас успеав да ја избегнам замката, не верувајте на никого, ова е голема валкана индустрија“, напиша Силенто.