Блажевиќ се бори со тешка болест, но не пропушта да му честита на Пикси за успехот во Лисабон

Легендарниот хрватски тренер Мирослав Блажевиќ пред неколку дена призна дека води тешка битка со ракот кој се проширил на неговите коски, но тоа не го спречи да ги пофали Србите за пласманот на Светското првенство во Катар. Во интервју за српски „Курир“, Блажевиќ го истакнал придонесот на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси за големиот успех на нашиот северен сосед.

– Секоја чест, Пикси мајсторе. Браво Срби, конечно сте таму каде што припаѓате. Многу ме развесели мојот пријател Пикси, заслужи да слави, беше голем фудбалер, а сега очигледно е и голем тренер, неговата репрезентација да одигра таков натпревар среде Лисабон… Пикси ги склопи коцките, направи Србија повторно да изгледа моќно, ја победуваше Шпанија како фудбалер, какви два гола им даде, честитајте му од мое име – порачал Блажевиќ преку медиумите.

Треба да знаете
Последни објави