Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти, вчера околу 17 часот во Кисела Вода го лишиле од слобода К.Д. (39) поради обид за убиство.
Тој на 15-ти овој месец, поради недоразбирање во сообраќајот на улица „Козле”, со остар предмет му нанел повреди на М.М. (54) од Скопје.
– На 18.01.2023 во 17:10 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни деликти бил лишен од слобода К.Д.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид”. Тој на 15.01.2023 во 02:26 часот, на ул.„Козле”, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел повреди на М.М.(54) од Скопје, информираат од Министерство за внатрешни работи.
Оттаму велат дека К.Д. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.