– Светското атлетско првенство во сала во Нанџинг, Кина, е одложено поради страв од коронавирусот.
Одлуката ја донесе Интернационалната атлетска федерација (ИААФ) на месец и пол до настанот што беше закажан на 13 март и тој е поместен за 21 март во 2021 година.
Пред носење на конечната одлука, ИААФ се обрати за совет до Светската здравствена организација и одби други понуди за преместување на мундијалот.
„Со жалење се договоривме со организаторите да го одложиме Светското првенство во сала за една година. Знаеме дека Кина вложува максимални напори во борбата со новиот вирус и ја поддржуваме во тоа. Клучна работа е да обезбедиме јасни околности за сите спортисти, членови и партнери”, се наведува во објавата на ИААФ.