Камион се преврте на автопатот Тетово-Скопје, повредени две лица

Две лица се повредени откако камион се преврте утринава на автопатот Тетово-Скопје.

-Товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки се превртело на десната коловозна лента при што повредени се возачот Ф.А. (48) од Порој и сопатникот Б.З. (29) од тетовското село Селце, рекоа од МВР.

Повредените лица се пренесени во тетовската болница за укажување на лекарска помош, а екипи од СВР Тетово извршиле увид на местото на несреќата.

(Видео) Курир

Треба да знаете
Последни објави