Новите Samsung Galaxy A52 и A72 – врвна технологија по прифатлива цена

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd ја претстави најновата Galaxy A серија телефони, односно моделите A52 и A72, правејќи ги моќните иновации достапни за секого. Оваа серија на корисниците им овозможува да комуницираат и да се изразуваат со помош на врвната камера, да се препуштат на беспрекорното искуство што го нуди моќниот дисплеј и да имаат повеќе мир  благодарение на отпорноста на уредот на вода и долготрајноста на батеријата. Исто така, А серијата уште повеќе ќе го прошири мобилното искуство, овозможувајќи им на корисниците да се поврзат со други Galaxy уреди, како што се Galaxy Buds Pro, Galaxy SmartTag и Galaxy Tab[1].

 „Samsung сака на своите корисници секогаш да им го обезбедува она што им е најпотребно и што копнеат – и затоа нашата мисија е Galaxy A серијата да ја направиме  крајната иновација достапна за секого. Моделите A52 и A72 ги комбинираат сите најдобри функции, иновации и карактеристики на Galaxy семејството, и тоа по пристапни цени“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделот за мобилни комуникации на компанијата Samsung Electronics.

Врвна камера во служба на креативност, комуникација и самоизразување

 Samsung постави високи стандарди кога станува збор за камери за паметни телефони, а од тоа не заостануваат ни моделите Galaxy A52 и A72.

Разновидна камера – Корисниците сега можат да прават кристално чисти фотографии и видеа, со помош на разновидната четириструка камера од 64MP. Омилените моменти од 4K видео, корисниците можат за само неколку секунди да ги претворат во фотографии со висока резолуција од 8MP, благодарение на 4K Video Snap опцијата. Покрај тоа, Scene Optimizer користи вештачка интелигенција за да постигне најдобар квалитет на фотографијата, со помош на оптимални поставки за дури 30 категории фотографии и позадини, како што се храна, пејзажи и домашни миленици.

Стабилна слика и дење и ноќе – Без разлика дали корисниците ги снимаат најновите предизвици за танцување или трикови со скејтборд, OIS (оптичка стабилизација на сликата) има задача да ги одржува фотографиите и видеата со фокус и стабилност. Нема потреба да избегнувате фотографирање при слаба осветленост затоа што Night mode користи multi-frame обработка на фотографиите, па крајниот резултат е одличен дури и во мрак.

Забавни додатоци – Корисниците сега можат да ги направат своите снимки уште позабавни, со помош на AR Emoji и My Filter опциите. Дополнително, можат да ја применуваат AR Lenses опцијата од социјалната мрежа Snapchat, користејќи Fun Mode[2].

Видете и бидете видени со телефонот со супериорен екран и софистициран дизајн

 Samsung ги подобрува искуството и стилот со супериорен екран и софистициран дизајн, кој совршено се вклопува и го рефлектира начинот на живот на корисникот.

Уште побрзо и посветло – Со брзина на освежување на Super AMOLED екран 90Hz на Galaxy од A52 и A72, корисниците можат да уживаат во омилената содржина и да се движат низ социјалните мрежи, дури и кога се на отворено, благодарение на осветленоста на екранот од 800 nit.

Пријатно гледачко искуство  – Екранот поседува ‘Eye Care’ сертификат[3] и автоматски ја прилагодува топлината на бојата врз основа на моделите на употреба на телефонот со помош на Eye Comfort Shield[4] технологија, за да се намали напрегањето на очите.

Софистициран дизајн – Новата Galaxy A серија обезбедува освежен изглед, кој е истовремено едноставен и елегантен, со заоблени рабови и минималистичко куќиште на камерата.

 Проширете ги искуствата благодарение на моќта на Galaxy екосистемот

 Новата Galaxy A серија носи подобрено искуство на непречена поврзаност со други уреди во Samsung Galaxy екосистемот.

Организација и поврзаност – SmartThings на Galaxy A серијата поврзува и управува со илјадници уреди во паметни домови, вклучувајќи носечки уреди, таблети, компјутери и телевизори. Дополнително, SmartThings Find може лесно да ги лоцира поврзаните уреди додека Galaxy SmartTag[5] Bluetooth локаторот може да најде дури и уреди кои не се мрежно покриени, така што локаторот ќе се прикачи на оние предмети што се најважни за корисниците.

Непречено уживање во музиката – Без разлика дали учествувате на заеднички тренинг дома или слушате најнов подкаст со пријателите, корисниците можат лесно да се поврзат и да слушаат музика заедно. Music Share лесно го поврзува телефонот на корисникот со уреди на пријатели за да ја слушаат истата содржина.  Исто така, поврзувањето на телефонот со два пара Galaxy Buds слушалки е овозможено од функцијата Buds Together.

Едноставно следење на содржината – Quick Share им овозможува на корисниците лесно да испраќаат фотографии и видеа без ограничување на големината на Galaxy уредите во околината. Покрај тоа, во случај да се премислите во меѓувреме, Private

[1] Galaxy Buds Pro, Galaxy SmartTag и Galaxy Tab се продаваат одделно.

[2] Достапноста може да зависи од пазарот и операторот.

[3] SGS, водечка светска компанија за сертификација, го награди екранот на Galaxy A серијата со Eye Care сертификат за врз основа на способноста на екранот да го намали интензитетот на сината светлина. Овој сертификат е достапен на  www.sgs.com.

[4] Eye Comfort Shield е исклучен при фабричко поставување и мора да се вклучи преку поставките на телефонот.

[5] Galaxy SmartTag се продава одделно.

  • Share[1] опцијата овозможува да ја откажете испратената содржина со само еден допир.

 Очекувајте повеќе и добијте повеќе од Galaxy семејството уреди

 Новата Galaxy A серија доаѓа со есенцијалните Galaxy карактеристики кои секој корисник заслужува да ги има.

  • Нема грижи за уредот – Galaxy A52 и A72 се отпорни на вода и прашина[2] со оценка IP67. Покрај тоа, Samsung Care+[3] овозможува непосредна поддршка и гарантирано покривање во неочекувани ситуации како што се оштетување, расипувања, кражба или губење на телефонот. На крај, Samsung Knox[4] е тука да се грижи за безбедноста на личните информации на корисниците во реално време.
  • Дводневна батерија – Корисниците можат да снимаат, создаваат и консумираат содржина без грижа, благодарение на моќната батерија што трае два дена[5]. Батеријата на A52 моделот има капацитет од 4.500mAh, додека онаа на A72 има капацитет од 5.000mAh[6].
  • Уживајте во врвните карактеристики – Galaxy A52 и A72 доаѓаат со важни карактеристики на Galaxy екосистемот, како што се стерео звучници подобрени со Dolby Atmos технологијата и капацитет на надворешна меморија до 1TB[7]. Исто така, редизајнираниот One UI 3[8] обезбедува интуитивно корисничко искуство со унапредена брзина и нагласување на важни информации.
  • Поддршка за одржливост – Samsung редовно ги евалуира производите и пакувањето за да открие нови начини за промовирање на одржливост. При пакувањето на Galaxy A52 и A72 телефоните, се користат специјални калапи за пулпа и хартија, со цел да се намали неискористениот простор.[9]
  • Софтверски ажурирања – Samsung секогаш се обидува на корисниците да им го обезбеди најновото мобилно ажурирање на оперативен систем. Така е и со новата Galaxy A серија – A52 и A72 поддржуваат три генерации на ажурирања на оперативниот систем и редовни безбедносни ажурирања што траат најмалку четири години[10].

[1] Private Share овозможува приватно споделување со помош на енкрипцијата базирана на blockchain технологија, која работи помеѓу Galaxy паметните телефони со Android P или понов оперативен систем. Потребно е корисникот да ја има оваа апликација на телефон за да може да испраќа / прима Private Share линк.

[2] Galaxy A72 и Galaxy A52 имаат IP67 оцена врз основа на потопување на уредот во тест средина во вода длабока еден метар со траење до 30 минути. Не се препорачува за на плажа, базен или вода со сапуница. Ако истурете течност што содржи шеќер на телефонот, се препорачува да го измиете со чиста вода со притискање на копчето. Телефоните се безбедни од низок притисок на вода. Посилниот притисок на водата како што е водата од чешма може да го оштети телефонот. .

[3] Samsung Care+ е достапен во 34 држави. Достапноста може да варира во зависнот од пазарот.

[4] Достапноста зависи од уредот.

[5] Проценето врз основа на просечната употреба од страна на Strategy Analytics во периодот 20.01-31.01.2021. во Велика Британија на верзиите пред лансирање на уредите SM-A725, SM-A525, SM-A526, SM-A325, SM-A326 со фабрички поставки LTE и 5G Sub6 мрежи (не се тестирани на 5G mmWave мрежа). Траењето на батеријата може да варира во зависност од активностите и навиките.

[6] Galaxy A52 LTE има батерија од 4,500mAh, Galaxy A72 има батерија од 5,000mAh.

[7] SD картицата се продава одделно.

[8] One UI 3.1

[9] Материјатлите имаат PEFC (Programme for the Endorsement of Forest Certification), SFI (Sustainable Forestry Initiative) и FSC (Forest Stewardship Council) сертификати.

[10] *Доспатноста на ажурирањето може да зависи од пазарот. За повеќе детали посетете ја: https://security.samsungmobile.com/workScope.smsb

Достапност

На домашниот пазар моделите ќе бидат достапни во виолетова, сина, црна и бела[1] боја по препорачаните цени:

  • A52 LTE (6+128GB) – 999 денари
  • A72 LTE (6+128GB) – 25.999 денари

[1] Достапните бои можат да варираат во зависност од пазарот.

 

Треба да знаете
Последни објави