Еден од четирите голови на селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров постигнати во триумфот на неговиот Нант против данскиот ГОГ (27:24) е избран меѓу петте најдобри погодоци на колото во Лига Европа. Во рамките од третото коло ЕХФ Европа лига составот на Нант на домашен терен го совлада ГОГ за втор триумф сезонава за францускиот клуб. Во групата „Б“ води Бенфика со шест бодови, по четири имаат ГОГ, Нант и Лемго, а без бодови Чеховски Медведи и Кокс.
Покрај „проектилот“ на Лазаров постигнат на дуелот против Данците во изборто на топ пет голови се наоѓаат и погодоците на Јан Тарафета (Екс), Константинос Коционис (АЕК), Оле Рамел (Бенфика) и Том Поје (Ним).