Чиле рано утрово во мундијалски квалификациски натпреавр претрпе непријатен пораз на домашен терен од Еквадор (0:2), кој го одбележа брутален старт на Артуро Видал поради што беше испратен во соблекувалната уште во 15 минута од натпреварот, со што им ја олесни работата на гостите.
Еквадор рано поведе со голот на Еступињан во деветтата минута, по што неколку минути подоцна следуваше карате-стартот на Видал, кој го нокаутираше противникот Феликс Торес.
На Видал брзо му стана јасно каква глупост направи, но и прегратките на судијата не му помогнаа да биде помилуван.