Шутерот на Голден стејт Стефон Кари одигра нов кош-гетерски натпревар и е најзаслужен што неговиот тим стигна до убедлива победа од 117:99 на гостувањето кај Бруклин во Њујорк во еден од трите меча кои беа на програмата ноќеска во кошаркарската НБА-лига. Еден од најдобрите бекови во историјата на НБА-лигата имаше полчасовно кошаркарско шоу, во кое презентираше сè што е најдобро во „кралицата на спортовите“. Кари мечот го заврши со постигнате 37 поени, од кои 9 тројки од 14 обиди.
На спротивната странаа Харден и Дурант не можеа да го надополнат она што Кари го правеше сам. Харден мечот го заврши со 24 поени, а Дурант забележа 19 поени.
Голден стејт е лидер во НБА со 12 победи и само два порази.
Јута џез, уште еден од кандидатите за титулата оваа сезона во НБА, предводена Бојан Богдановиќ, како домаќини ја декласираа Филаделфија со 120:85. Хрватот постигна 27 поени со шут од поле 9-12 и пет постигнати тројки од 7 обиди.
Во победнички ритам е и Лос Анџелес клиперс, со четири триумфи на последните пет меча, а повторно блескаше Пол Џорџ. Клиперс славеа со 106:92 против Сан Антонио, а Џорџ уфрли 34 поени.