Коронавирусот го одложи Светското атлетското првенство во сала

Светското атлетското првенство во сала кое требаше да се одржи во кинескиот град Нанџинг во периодот од 13 до 15 март е одложено поради коронавирусот. Собирот на атлетичарите од целиот свет е пролонгиран за 12 месеци.

Организаторите на СП во сала го послушаа советот од Светската здравствена организација (СЗО) и ги одбија понудите на другите градови кои сакаа да бидат домаќини.

Коронавирусот досега уби најмалку 170 лица во Кина и се прошири на 16 земји ширум светот. Вкупно се заразени околу 6.000 лица, а засега за коронавирусот не постои лек. Епицентарот на вирусот е кинескиот град Вухан, кој е оддалечен од Наџинг околу 600 километри.

– СЗО потврди дека нивото на вирусот во Кина и во светот е загрижувачко и нема потреба да се форсира со одржување на големи настани. Им се заблагодаруваме на градовите кои се јавија да го заменат Нанџинг како организатори на СП во сала, но ние како Меѓународна атлеска федерација (ИААФ) одлучивме да го одложиме ова натпреварување. Во овие моменти разгледуваме во кој термин идната година да се одржи првенството – објави ИААФ.

Според истражувањето на Би-Би-Си коронавирусот се проширил и во: Финска, Франција, Германија, Непал, Обединети Арапски Емирати, Тајланд, Шри Ланка, Малезија, Сингапур, Камбоџа, Виетнам, Тајван, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, САД и Канада.

Треба да знаете
Последни објави