Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година вечера (18.30 часот) на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе играат квалифиакциски натпревар од од 6. коло во групата Х за пласман на ЕП-2023, против фаворизираната Франција. По пет одиграни кола Франција е лидер со 13 освоени бодови, а Македонија е третопласирана со 6 бода, колку што има и Фарски Острови со натпреавр повеќе одигран. Франција по пет одиграни натпревари има скор од четири победи и едни реми, додеа Македонија е со една победа, три нерешени исходи и еден пораз
Македонските надежи во пресрет на вечерашниот натпреавр денеска беа пријатено изненадени со посета од легендите на мак-фудбал, Дарко Панчев и Бобан Бабунски кои им посакаа среќа на избраниците на селекторот Драган Канатларовски – Цапар.
– Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат во најсилните лиги низ Европа. Првиот натпревар против нив таму го загубивме убедливо со 3:0, но на претходните четири натпревари успеавме да останеме непоразени. Се надеваме дека серијата без пораз ќе ја продолжиме и против Франција. Играме на домашен терен, пред домашна публика, сите со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Момците имаат голема желба, подготвени сме и физички и психички за голема борба во сите 90. минути – смета селекторот Канатларовски.