Премиерот на Италија Џузепе Конте синоќа објави дека се регистрирани првите два случаи на новиот коронавирус во земјата и оти Италија ги прекинува сите летови до и од Кина.
Конте рече дека Италија е првата европска земја што донесе одлука да ги прекине летовите „поради претпазливост”.
– Како и во другите земји, имаме два потврдени случаи на коронавирусот. Се работи за двајца кинески туристи кои пристигнале пред неколку дена, информира Конте на прес-конференција.
СЗО синоќа прогласи глобална вонредна ситуација поради новиот коронавирус.