Носењето на Законот за ЈО е во интерес на граѓаните и на европската идинина на државата, сите пратеници да го поддржат

Донесувањето на Законот за јавно обвинителство, пред се, е во интерес на граѓаните на државата, за владеење на правото, како и за европската иднина на земјата.

СДСМ останува транспарентна и одговорна партија во процесот на носење на Законот за јавно обвинителство и отворена за аргументирани предлози, кои ќе бидат вградени во законското решение, за може до крајот на работата на овој парламентарен состав да се усогласи и донесе Законот за јавно обвинителство.

Во интерес на граѓаните, иднината на државата и владеењето на правото е овој закон да се донесе.

Јасно е  дека Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата и секое попречување и спротивставување на законот е практично криење од правдата и оддалечување на македонските граѓани од европското семејство.

СДСМ настојува заедно со европската перспектива која им ја испорачува на граѓаните во овие две години, да ја испорача и ветената правда со казни за сите кои сториле криминал.

Токму законот за јавно обвинителство обезбедува независни обвинителски институции, гарантира објективни судски постапки и создава ефикасен казнив систем.

Законот ќе овозможи гонење на сите криминалци, продолжување на постапките за предметите на СЈО, независен избор на обвинители, односно се што значи правна држава и владеење на правото.

Треба да знаете
Последни објави