Џонсон: Излегувањето од ЕУ не е крај, туку почеток на нова ера

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија значи промена и почеток на нова ера“, порачува премиерот Борис Џонсон, кој сака да ја обедини земјата по три и пол години поделба поради брегзит.

„Ова не е крај, туку почеток“, – е пораката која конзервативниот лидер ќе ја упати во своето обраќање до нацијата вечерва во 23 часот по средноевропско време, еден час пред историскиот излез на Велика Британија, што ќе биде првата земја што ќе ја напушти ЕУ.

„Ова е време кога изгрева зората и завесата се крева пред следниот чин. Ова е момент на оригинална национална обнова и промена. Нашата работа во владата – моја работа – е да ја обединиме земјата и да ја донесеме напред“, е дел од говорот кој го испрати кабинетот на Џонсон, пред неговото обраќање до нацијата.

Премиерот денеска ќе го прослави Брексит во Сандерленд на министерска седница со која ќе претседава.

Треба да знаете
Последни објави