Македонија ќе ја тестира Србија во Стара Пазува

Во рамки на ЕХФ неделата месецов женската ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра две контролни средби со соодветната селекција на Србија во Стара Пазова. Селекцијата на севењрниот сосед Србија се подготвува за настапот на Светското првенство кое ќе се одржи во декември оваа година, па тестовите со Македонија ќе и бидат добро дојдени да се испробаат тактички делови од подготовките.

Македонија не ма да биде дел од СП, бидејќи беше елиминирана во баражот од Романија. Натпреварите со Србија се закажани за 27. и 29. ноември.

Селекторот на македонската репрезентација Љубомир Савевски во наредните денови ќе го објави списокот со ракометарките на кои ќе смета за двомечот против Србија.

Треба да знаете
Последни објави