Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, се сретна со Данчо Марковски, кандидатот за амбасадор на нашата држава во Република Албанија.
На средбата е заеднички констатирано дека е од интерес на нашата држава продолжувањето на добрососедските односи со Република Албанија на политички и на економски план, како и во делот на заштитата и перспективите на македонското национално малцинство и на граѓаните од нашата држава кои живеат и работат таму.
Оценето е дека воспоставената добра соработка меѓу двете држави е добра основа за интензивирање на односите на економски план и во областа на културата.
Премиерот Спасовски му го честиташе на амбасадорот Марковски назначувањето на позицијата и најави поддршка од Владата на сите проекти и активности од државен интерес.