Седумнаесетгодишник бил избоден со нож во автобус на ЈСП, на Железничката станица во Скопје.
Според информациите на МВР, тепачката се случила вчера околу 13:15 часот во автобус бр.67 помеѓу двајца 17 – годишници од селата Моране и Студеничани.
Според пријавеното, малолетникот од Моране со остар предмет му нанел повреди на малолетникот од Студеничани. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, а напаѓачот бил приведен во Полициска станица Аеродром.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.