Враќањето на Бејл во Тотенхем може да биде трансфер „бомба“ на крајот од преодниот рок

Ако се остварат најавите на медиумите од Островот, тогаш на крајот од преодниот рок за фудбалерите ќе пукне најсилната трансфер „бомба“ со враќањето на Герет Бејл од Реал Мадрид во Тотенхем. Останува да го дочекаме крајот на денешниот ден за да видиме дали најавата е реалност или само желба на англискиот премиерлигаш.

Првиот човек на тимот од Лондон, Даниел Леви, веќе е во Мадрид, каде на средба со раководството на „кралевите“ треба да се договорат за враќањето на Велшанецот во Тотенхем каде ја стекна својата слава.

Бејл сезонава нема големата минутажа во тимот на Зинедин Зидан, кој во неколку потврди дека нема да му прави проблем доколку сака да замине од тимот. Искусниот 30-годишен велшки репрезентативец Бејл досега не ги прифаќаше понуди. Тој има договорот со Реал до јуни 2022 година.

Тотенхем минува низ тежок период оваа сезона. Заради слабите резултати пред два месеци отказ доби Маурицио Почетино, а откако се повреди Хари Кејн и Ериксен се пресели во Интер, новиот менаџер Жозе Мурињо е во потрага по нов офанзивец кој ќе ја преземе улогата на лидер на тимот.

Треба да знаете
Последни објави