Апсење и најголема заплена на допинг-инјекции во Европа, меѓу уапсените и Срби

Шпанската полиција соопшти дека разбила група во која имало и Срби, а која 10 години се занимавала со недозволена продажба на допинг-средства за спортисти.

Во групата учествувале граѓани на Србија и Шпанија, а осомничените ја продавале супстанцијата во Шпанија и во странство преку интернет и на различни јазици.

Запленети се 850 инјекции ЕПО, што е најголема заплена на оваа супстанција во Европа, пренесува АП.

Полицијата истражува шест лица во Барселона и Кадиз за загрозување на јавното здравство, перење пари, поврзаност со злосторничка организација, кражба и други кривични дела.

Се претпоставува дека купувачи на допинг-средствата биле бројни шпански и странски спортисти од различни дисциплини и на сите натпреварувачки нивоа.

Треба да знаете
Последни објави