ВМРО ДПМНЕ: Дали задолжувањето на Шилегов од 15 милиони евра се во функција на предизборен поткуп и нови криминални тендери?

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

 

Расипничкото работење на Шилегов нема крај. Расипникот Петре Шилегов градот Скопје само оваа недела го задолжи за нови 15 милиони евра кредити. Петре Шилегов само оваа недела го задолжи секое семејство во Скопје со нови 100 евра.

Шилегов е  градоначалникот на кој не му сметаше да потроши 400 илјади евра за новогодишно китење на градот и фамозни 100 илјади евра од непознати донатори за пеачот кој настапи, а сега се задолжува нови 15 милиони евра.

Дали ова задолжување не се пари за нов криминал пред изборите? Дали овие пари ќе завршат за финансирање на кампања и предизборен поткуп? Дали со ова Шилегов ги уништува со долгови јавните претпријатија? Шилегов станува копија на криминалите на Зоран Заев.

 

 

Треба да знаете
Последни објави