Џан веќе е во Германија каде ги минува лекарски прегледи

Играчот од средниот ред на италјанскиот фудбалски шампион Јувентус, Емре Џан ќе ја продолжи кариерата во редовите на бундеслигашот Борусија Дортмунд. Германецот ќе и се придружи на Борусија Дортмунд како позајмен играч за 1 милион евра. По завршувањето на закупот клубот ќе ги купи неговите права за 26 милиони евра, објави на Твитер новинарот на „Газета дело Спорт”, Николо Шира.

Дваесет и шест-годишниот Џан ќе заработува 4,5 милиони плус бонуси во својот нов клуб. Тој веќе пристигна во Дортмунд и ќе биде подложен на медицински тестови, по што ќе потпише договор до 2024 година.

Џан стана играч на Јувентус во летото 2018 година. Тој учествуваше на осум натпревари за Јувентус оваа сезона. Со доаѓањето на Маурисио Сари на почетокот од оваа сезона, играчот од средниот ред почна да се појавува се помалку во тимот, па дури и беше изоставен од списокот за учество во Лигата на шампионите.
Уште тогаш, тој изрази незадоволство и навести заминување од Торино.

Треба да знаете
Последни објави