Израел е информиран дека палестинските власти веќе нема да ги почитуваат договорите постигнати меѓу двете земји.
Хусеин ал-Шеик, член на Централниот комитет на Движењето за национално ослободување на Палестина (Фатах) изјави дека палестинските власти се откажуваат од договорот со израелската страна што произлезе од Договорот од Осло.
Гостувајќи во програмата „Сценарија” на телевизијата Ал Џезира, што се емитува на арапски јазик, Ал-Шеик изјави дека Израел е информиран дека палестинските власти веќе нема да ги почитуваат договорите постигнати меѓу двете страни.
Тој нагласи дека право на палестинскиот народ е да се спротивстави на договорот на американскиот претседател Доналд Трамп и на изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и да го поништат.
Ал-Шеик за Ал Џезира откри дека делегација на движењето Фатах и на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) следната недела ќе отпатуваат во Газа на разговори со движењата Хамас и Исламски џихад токму за ова прашање, нагласувајќи дека веќе нема простор за договори и дека не постојат темелите врз кои се потпираше Договорот од Осло.