Состанок на Заедничкиот експертски комитет за отворање граничен премин во областа на Преспанското Езеро

– Прв состанок на Заедничкиот експертски комитет за воспоставување граничен премин во областа на Преспанското Езеро се одржа денеска во Скопје, кој го водеше државниот секретар во Министерството за надворешни работи и претседател на нашата делегација Зоран Попов. Грчката делегацијата ја предводеше Константинос Цувалас, генерален секретар за јавен ред во Министерството за заштита на граѓаните.

-За време на сотанокот беа разменети мислења за идните активности што треба да ги преземе Заедничкиот експертски комитет за отворање на граничниот премин. Двете страни го разработија и постигнаа во принцип согласност за текстот на Правилникот за работа и постапка на Заедничкиот експертски комитет што треба биде усвоен на неговиот втор состанок. Состанокот се одвиваше во позитивна и конструктивна атмосфера и во духот на меѓусебно разбирање, соопшти МНР.

На средбата е договорено вториот состанок на Заедничкиот експертски комитет да се одржи во првата половина на март 2020 година во Република Грција.

Треба да знаете
Последни објави