ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на реални идеи и проекти, продолжува да шири лажни вести, измислени и конструирани случаи.
Но очајноста и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ не се и не можат да бидат оправдувања за лагите и клеветите што секојдневно ги пласираат од белиот дворец.
Како адвокатка бранителка на лица обвинети и осудени за насилство во крвавиот упад во Собранието и обвинети во предмети на СЈО, Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека за секое јавно изнесено обвинување треба да има соодветни докази.
Николовска и ВМРО-ДПМНЕ да приложат докази за тоа дали како што велат „Заев ќе продолжел да шверцува марихуана” а потоа да приложат докази дали кој било од семејството Заеви има фирма или удел во фирма која добила лиценца за производство на канабис.
Бидејќи е повеќе од јасно дека такви докази немаат, бранителката на режимот, Николовска, треба да се подготви за соочување со одговорност за лагите и клеветите што секојдневно ги упатува.
Измислените наводни скандали кои во реалноста не постојат, нема да го сокријат стравот во ВМРО-ДПМНЕ од извесниот пораз на 12 април. Ниту ќе го покријат фактот што освен деструкција, обнова на режимот, и лажни вести ВМРО-ДПМНЕ нема што друго да понуди пред граѓаните.
Затоа на 12 април граѓаните повторно ќе ја поразат оваа деструктивна матрица на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим никогаш повеќе!