Маж од американскиот град Остин, во Тексас, имал многу силни главоболки поради што повраќал, а еднаш дури и се онесвестил од болки. Оваа состојба траела десет години, а сега лекарите конечно ја откриле причината – тенија која живеела во нејзината глава.
Човекот, кој во медиумите го нарекуваат „Џерард“, најверојатно се инфицирал со паразитот, кога во Мексико јадел недопечено свинско месо.
„Болките беа многу интензивни, многу силни…се препотував од боли и повраќав“ рекол Џерард за Си-би-ес 21.
Кога направил прегледи, неврохирургот во Медицинскиот центар Универзитетот „Дел Сетон“ во Тексас, открил дека пациентот покрај мозочното стебло има промена долга четири сантиметри.
Најпрво се посомневал дека е тумор, но анализите покажале дека тоа не е во прашање. Сфатил дека се работи за прилично голема тенија, која му ја отстраниле од мозокот.
Тенијата често ги напаѓа свињите каде што ги полагаат јајцата. Ако месото не е доволно термички одработено , а ако човек изеде ларви, тие ќе се изведат во цревата. Ларвите можат да се претворат во цисти или да патуваат по целото тело. Понекогаш стигнуваат и до мозокот, но тоа се случува исклучително ретко.
Лекарите велат дека сега Џерард најверојатно целосно ќе закрепне, а можел и да умре.
Некои пациенти не се ни свесни дека организмот им е заразен со цисти ларви опасни по животот, како што бил случајот со 18-годишен Индиец, чиј мозок бил преполн со цисти поради што умрел.