Не само со игрите и головите Елмас се наметнува како нов лидер и со статистичките показатели

Македонската фудбалска репрезентација која под водство на друг селектор Игор Ангеловски – Мрме и капитен Горан Пандев го трасираше патот кон баражот за пласман на СП-2022 со сензационалната победа против четиркратниот светски првак Германија во Дуизбург (1:2) успешно го приведе до крајот мундијалскиот квалифиакциски циклус од евро-зоната под водството на селекторот Благоја Милевски и неговиот подмладен избор во кој некои нови момчиња се главни фаци. Рекомпонираниот состав на Македонија покажа и докажа дека има „штоф“ за поголеми дострели. Репрезентацијата на Македонија оствари голем успех со пласманот во баражот за Светското првенство, а ако успеее да ги направи и последните еден-два чекори кон Катар ќе бидат највисоко на пиедесталот.

Овие момчиња веруваат во себе, не се плашат од големите предизвици, противниците не ги прецениуваат, ама и не ги потценуваат, не се предаваат и кога реботите ни им одат од нога. Покажуваат упорност до последниот свиреж.

Нешто слично беше и на решавачкиот меч со Исланд во Скопје кој додјде да им ги расипе есапите, израмни, но не ги збуни и на крајот беше убедливо поразен со 3:1 во последниот одлучувачки натпревар. Елиф Елмас ја презема одговорноста на лидер во овој состав, а тоа го покажува и статистиката направена од „FedEx Performance Zone“.

Елмас е наш најдобар фудбалер со 121 поен. Рангирањето на фудбалерите се врши по повеќе параметри: Број на одиграни натпревари, оценки на натпреварите, постигнати голови, асистенции, освоени и загубени топки…

Зад Елмас е Дарко Велковски, потоа следи Алиоски, па Трајковски, Барди, Чурлинов

 

Треба да знаете
Последни објави