Митревски и Талески повредени, Лазаров загрижен за нивната здравствена состојба

Во нашиот тим има проблем со повредите, а тоа се Никола Митревски и Филип Талески. Тоа не го крие ни селекторот Кире Лазаров. Сите знаеме дека станува збор за двајца клучни играчи, и ако тие се рехабилитираат навреме секако дека тоа ќе биде голем плус за нашиот тим.

„Не кријам дека малку сум загрижен за здравствената состојба на Митревски и Талески. Вчера тренираа за првпат со екипата, но не се 100% фит што се вели. Треба да бидеме внимателни како ќе ги дозираме силите, но верувам дека како ќе одминува времето дека ќе бидеме комплетни. Ние сме нација која не носи срцето и емоциите, а тоа ја троши репрезентацијата. Целиот наш стручен штаб и медицински тим ќе внимаваме да не преголема еуфорија при победите, нитуи огромно разочарување по поразите“ посочи селекторот

Треба да знаете
Последни објави