Мурињо за Ериксен: Од почетокот знаев дека ќе си замине

– Менторот на Тотенхем, Жозе Мурињо, призна дека од првиот ден во клубот бил известен од Кристијан Ериксен дека нема намера да остане.

Данскиот репрезентативец се пресели во Интер, со договор со италијанскиот клуб до 30 јуни 2024 година.

Договорот на Ериксен истече во јуни, а новиот ментор не се обидел да го премисли и да го задржи.

– Дента кога дојдов, тој ми рече дека нема да го обнови својот договор. Кристијан ми рече дека донел одлуката и не постои начин таа да се смени. Оттогаш се обидувам да го изградам тимот без него. Затоа, не го пуштав многу. Морав да се справам со ситуацијата на интелигентен начин. Кристијан беше добар човек во соблекувалната. Секогаш позитивен и секогаш почитуван, но со ограничувања на човек, што сака да си замине. Секогаш има сопирачки во сличен момент. Се гледа дека во одредени мечеви тоа не беше Кристијан и тоае нормално, рече Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави