Ливерпул го победи Саутемптон со 4:0 во денешниот меч од 25. коло во Премиер лигата. Екипата на тренерот Јирген Клоп ја продолжи серијата без пораз која трае веќе 42 натпревара.
Во однос на овој индикатор, Ливерпул се израмни со Нотингем Форест, чија серија без пораз во 1977-1978 година изнесуваше исто така 42 средби.
Рекордер по бројот на одиграни натпревари без да згуби во Англиското фудбалско првенство е Арсенал кој во периодот 2003-2004 година немаше пораз на 49 натпревари.
Победата не беше толку лесна и рутинска како што покажува конечниот резултат. Мора да се истакне дека „црвените“ во првите 45 минути го одиграа најслабото полувреме во Премиер-лигата сезонава, дозволувајќи противникот не само да парира, туку и да создаде три-четири стопроцентни шанси.
Одличниот Алисон Бекер беше најзаслужен што на пауза се замина со 0-0, за потоа во вториот дел избраниците на Клоп да ја вратат контролата над мечот. Окслејд Чембрлен погоди од работ на шеснаесетникот на самиот почеток од второто полувреме, потоа следеше и асистенција на Фирмино до Хендерсон за 2-0, пред капитенот Хендерсон самиот да асистира до Салах за третиот гол. Конечните 4-0 ги постави Салах, по третата асистенција на Фирмино на оваа средба.