Марихуана се подостапна по улиците на македонските градови

  Полициски службеници вчера пронашле марихуана кај повеќе лица во Скопје, Тетово и Дебар.

Во Градски парк во Скопје,  полицијата го привела лицето Г.Г. (27) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
 Утрово на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје биле приведени Ј.П. (26) и А.К. (25), и двајцата од Дебар, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.
Т.М. (19) од Скопје бил приведен на булеварот „Илинден“. Кај него била пронајдена прашкаста материја.
Во Гази Баба полицајци кај Н.Ј. (23) од Стајковци, Скопско пронашле марихуана.
Во село Слатино, Тетовско, бил приведен Х.Љ. (25) од село Шемшево, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на овие случаи против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Треба да знаете
Последни објави