Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека утрово двајца млади македонски граѓани загинале во сообраќајка што се случи во Пјаченца, Италија. Според пишувањето на некои медиуми и од тоа што се пренесува во Струмица, во сообраќајката загинале ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов.
Според италијанскиот медиум ILPIAACENZA, во несреќата загинале Марија Витанова (25) и нејзиниот братучед Методи Витанов (26), кои биле во автмобил „рено клио”. Автомобилот удрил во дрво и веднаш се запалил, па кога пристигнале спасувачите веќе било доцна.
https://www.facebook.com/ilpiacenza/videos/172258120698814/?t=1
На ова место во последните десет дена се случиле три сообраќајни несреќи со фатални последици.



