Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на претпоследниот тест натпореавр на подготовките во Анталија против Борац од Бања Лука настапи со младински состав и доживеа пораз (2:0). За Вардар ова беше четвртиот пораз во петтиот тест на овие зимски подготовки.
Вардар прими по еден гол во двете полувремиња. Најпрво Владимир Арсиќ погодил од корнер, а потоа Александар Радуловиќ од пенал. Избраниците на тренерот Александар Васоски утре против словенечката Мура во полн состав ќе го одиграта последниот тест во Анталија пред да се вратат на 4 февруари во Скопје, каде пак ги очекува неизвеснот како и со кој спонзор ќе го продолжата првенството во кое по есенскиот дел се лидери.
Вардар претходно на овие подготовки загуби од сплитски Хајдук (1-3), Динамо Киев (0-4) и Бачка Топола (1-2), а ремизирашр со белградска Црвена звезда (0:0).



