Ѓоковиќ по три месеци пауза се враќа на врвот од АТП листата

Со победата на првиот сезонски тениски гренд-слем турнир  Австралија опен, Србионот Новак Ѓоковиќ стаса до осмата титула во Мелбурн, а од утре ќе биде и старо-новиот лидер на АТП листата. Ѓоковиќ ќе биде прв светски тениски рекет по пауза од три месеци.

Со 9.720 поени, српскиот тенисер зад себе ќе го остави Рафаел Надал (9.395) кој беше елиминиран во четвртфиналето на гренд-слем турнирот во Мелбурн.

Роџер Федерер ќе остане на третата позиција, а финалистот на првиот сезонски гренд-слем турнир Доминик Тием ќе се најде веднаш зад него.

Лисатат со најдобрите пет тенисери во светот ќе ја комплетира Данил Медведев од Русија.

За Србинот ова е 17. гренд-слемн титула и сега има на две помлку од Надал, односно три зад неприкосновениот на вечната листа Федерер.

Треба да знаете
Последни објави