Кошаркарите на актуелниот амкедонски шампион МЗТ Скопје преку Пелистер повторно се искачија сами на врвот од домашната прволигашка табела. Скопјени вечерва, лесно и убедливо, го совладаа тимот на Пелистер (83-59), а кикс на Гостивар во Гевгелија го искорситија да бидат осамени на лидерската позиција.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје сега има учинок 11-3, односно една победа повеќе во однос на дури четири екипи кои заеднички ја делат втората позиција со идентичен скор. Покрај Гостивар за втората позиција со ист скор се уште и Работнички, Кожув и Еуро Никел.
Пелистер останува зад Куманово во битката за шестата позиција, која последна води во Суперлигата.



