Во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин” во Скопје денеска ќе биде промовирана платформата за дигитално учење и ќе бидат доделени таблет-компјутери од „ЕВН Македонија” што ќе ги користат учениците од ЕВН-паралелките во Скопје и Гостивар.
Најавено е присуство на амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер, министерот за образование и наука Арбер Адеми и претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер.